Солена Дедо Мраз погача
Рецептот го најдов случајно поодамна и решив децата да ги изненадам за нова година и изненадувањето беше полн погодок како за гледање така и за јадење.
Прво се мешаат млакото млеко, водата, квасецот, солта, шеќерот и 2 лажици брашно и се остава да се активира квасецот, потоа му се додава јогуртот и зејтинот и пола пециво и брашно и се замесува убаво мазно тесто и повторно се осава да се дигне тестото.
Откако ќе сташе се дели на 2 дела,едниот малку поголем од другиот дел.
Од поголемиот дел се прави форма за глава,се суче тестото во вид на круша(солза), долниот дел е округол а горниот шпицест.
Од помалиот дел се прават 2 топчиња едното за носот а другото за капата, потоа се прави тенка трака за капата, се прават бркови и се прави брадата.За брковите се сука долгнавесата трака од 15тина см и од двете страни се засекува на 3-4 места и се вртат како спирали, за брадата се сука круг со пречник колку долниот дел од главата и се преклопува со ножици се засекува на тенки лентички и секоја посебно се врти како спирала.И сега на главата и се става брада потоа брковите и носот,горниот дел од главата(ќошот) се преклопува напред и на ќошето му се додава едното топче, малку пониско се става траката, и очи јас употребив 2 круга од чајна кобасица.Целата погча се премачкува со јајце а,за капата, носот и устата во јајцето се додава малку црвена боја,јас брадата и траката ги посолив со сусам.Се пече на 200 степени околу 20 тина мин.
На здравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови