
27
авг
2014
Сок од Праски и Јаболка
Еве еден рецепт за сок кој е многу вкусен. Праските и јаболката се сечат на поголеми парчиња, се налева водата и се става на оган и се вари додека убаво омекнат праските и јаболката. Откога се растураат сами тенџерето се трга од оган и целата смеса со праските јаболката и водата се цеди преку преса,потоа се враќа течноста на оган, а другото се фрла. Во течноста се става шеќерот и ванилата и се остава да поврие, собирајки му ја пената 2-3 пати. Готовиот врел сок се собира во стаклени шишиња се затвора со тапа и се става на темно суво и ладно место.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови