Освежувачки сок, кој се прави брзо и лесно, кој јас по мој вкус го припремив на следниот начин.

Подготовка

1. Најпрво портокалите (750 гр) ги ставаме во длабок сад со вода и сода бикарбона (ги оставаме така 1-2 часа). Потоа ги цедиме од таа вода, ги миеме убаво и ги ставаме во друг длабок сад, и ги налеваме со чиста ладна вода, колку да се покријат.
2. Наредниот ден таа вода ја фрламе, а портокалите (заедно со кората) ги сечкаме на помали парчиња, јас на 8.
3. Во тенџере ставаме 1 литар вода, нека зоврие, па ги додаваме парчињата портокал, шеќерот и лимонтусот. Оставаме така да вријат 30 минути.
4. Потоа со рачен блендер ги блендираме варените портокали. Добиената блендирана каша ја цедиме преку цедалка, ја додаваме останатата количина на вода, па го додаваме и свежо цедениот сок (од 0,5 кг портокали).

Забелешка - По вкус заблажуваме со шеќер или разредуваме со вода (доколку има потреба од тоа). Доколку не сте сигурни за блажината, додајте пола кг шеќер кога ќе се варат портокалите, па кога ќе ја додадете останатата количина на вода, додајте шеќер по ваш вкус (јас така и направив, за на крај да употребам вкупно 900 гр како што е наведено во потребните состојки).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани