18
сеп
2014
Сок од офинки (боровинки )
Боровинките се чистат од листовите и парчињата смрека која ја собрале при берењето.
Се мешаат заедно со мал дел од водата и се пасираат убаво.
Јас ги изблендирав.
Се цедат убаво преку газа и се мешаат со шеќерот.
Убаво се промешуваат да не остане грутка шеќерче.
Се додава остатокот од водата.
Се собира сокот во шишиња.
Убаво затворени шишињата се вријат на оган.
Вака приготвен имате одличен напиток за зимските денови.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови