
3
јан
2022
Смути со киви и јаболко
Кивито како овошје изобилува со двојно повеќе витамин Ц од портокалите, ги подобрува регулаторните својства на метаболизмот и помага со зајакнување на имунитетот. Совршен за борба против настинка и грип.
Подготовка:
1. Во чашката од нутрибулетот ги ставаме кивите и јаболкото (измиени излупени и сецкани на помали парчиња).
2. Додаваме урми и вода во количина по вкус, во зависност од тоа колку сакате да ви биде густо смутито.
3. Блендираме до хомогенизирање и послужуваме веднаш.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани