2
мај
2020
Смути од јаболка и цимет
Едноставна подготовка, а здравје во една чаша.
Сите сме склони на подуеност во стомахот.
Многу честа појава од брзиот начин на живот.
Еве еден вкусен напиток кој ќе помогне во тој проблем.
Сите состојки ставете ги во нутрибулетот.
Убаво изблендајте, нека се раскршат ленените семенки.
Сипете во чаша и насладете се.
Јас ги излупив јаболките. Користев едно зелено, едно црвено јаболко.
Зеленото јаболко малку ми го сменува вкусот како киселкаст.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови