Слатко од домашни цреши
Процедурата за правење слатко од цреши веќе е презетирана овде, но за мене е битно тоа што слаткото си го направив од нашата цреша која не е третирана со никакви препарати.
- Црешите се мијат, им се отстрануваат коските, се мерат според наведената нето тежина.
- Во тенџере се ставаат ред цреши, ред шеќер и се завршува со шеќер.
- Се оставаат покриени на ладно да отстојат преку ноќ.
- Наредниот ден тенџерето се загрева на оган, штом се стопи шеќерот и црешите ќе пуштат сок, па штом ќе почнат да вријат, температурата се намалува и се остава да врие на тивко.
- Пењата која ќе се појави се отстрнува.
- Се ставаат ванилиниот и рум шеќерот кој дава убава арома, а исто така и измиениот и исечкан на кругови лимон (претходно потопен 1 - 2 часа во вода со сода бикарбона).
- Се вари онолку време додека да подиспари водата и да се добие одредена густина.
- Штом се свари слаткото, тенџерето се покрива со водена крпа, се става капакот врз неа и се остава постепено да се излади.
- Се собира во стерилизирани тегли кои потоа се чуваат на ладно.
Количината на шеќерот беше соодветна на блажината на црешите.
Лиценца: Сите права се задржани