Ова се моите едноставни грицки за на плажа. Омилени кај децата, ама поделени во вкусовите, едни повеќе ги сакаат солените , други повеќе слатките. Лесни за подготовка, а количински излегуваат многу,па така и траат повеќе денови, па калкулирајте со дозата.

Подготовка
Маста и шеќерот ги матиме убаво со миксер, па постепено во нив ги додаваме останатите состојки.
Замесуваме тесто од кое правиме топчиња во големина на орев, а може и помали или поголеми.
Го загреваме тостерот и ги редиме топчињата со растојание помеѓу нив, затоа што нараснуваат и се шират од самиот притисок на горната плоча.
Ја спуштаме плочата и печеме околу една минута или додека да поцрвенат (зависи од тоа како ви пече тостерот).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани