- Во сад ставете брашното, измешајте со густинот, содата и шеќерот во прав, додадете го маргаринот и месете. Ќе добиете трошки. Потоа додадете ги лесно сматените јајца со киселата павлака, набрзина замесете го тестото да добиете една убава хомогена смеса. Не треба да го многу време месете или премесувате за да не се активира глутенот во него. Оставете во фрижидер да одлежи од 30 до 60 минути.
- Премачкајте ја пресата со масло или растопен маргарин. Од веќе одлежаното тесто правете топчиња во големина од 5-6 гр. Загрејте ја пресата било на плин или на рингла од двете страни. Отворете ја и во секое гнездо ставете од оформените топчиња, затврете пресата и ставете над огнот да се пече - најпрвин страната со гнездата, а потое од другата страна. Кога ќе ја држите преклопена пресата ќе почувствувате сами дека ќе мора да ја тргнете раката од рачките на пресата за да излезе воздухот. По краткото печење свртете ја од другата страна исто малку да се запече, тргнете од огнот, отворете ja пресата, сами ќе испаднат формичките кои се во форма на лушпа од ореви. Се така додека се испече целото тесто, но тоа бргу иди. Ако има кој да ви помогне да ги прави топченцата, за многу кратко време ќе завршите со печењето.
- Рецепт за фил не пишувам бидејки можат да се полнат со било каков фил. Јас ги полнев со ванила крем едната лушпа, а другата со нутела крем фил со лешник. Значи можете да ги полните со од вас избран фил кој го сакате вие.
Се полнат и двете лушпи па се спојуваат. Може и да се посипат со шеќер во прав или чоколадираат, но вака како што сум ги сликала...така ми се некако автентични.
- Испеченото тесто во форма на лушпи од орев може неполнети да стојат околу 2 недели затворени во кутија. Значи може на одложено полнење да стојат..
Од оваа количина на состојки ми излегоа 54 оревчиња.