Слатка погача со суво овошје
Најпрво во вангличка со миксер се матат следните состојки
јајцата, шеќерот, млекото, квасецот и 5 лажици брашно.
Се остава 15 минути квасецот да почне да се активира.
Повторно еднаш се промешува со миксерот.
Сега се замесува со рака, се додава постепено брашното, циметот и кората од лимон.
Тестото треба да биде понамеко замесено, дури и малку да се лепи на рацете.
Оставете го 5 минути да одмори.
Масата се намрсува со масло, се дели тестото на делови.
Со мрсни раце само се влечат парчињата - деловите тесто.
Се формираат долги форми, во средината се става од исецканото суво овошје и нежно се затвора како молив.
По желба јас формирав плетенка и ја ставив во тава.
Се премачкува со изматено јајце и се печи околу 30-40 минути.
Од овој состав можете да испечете погача во тавче бр 28 или 2 помали во бр 24.
Изборот е ваш.
Лиценца: Сите права се задржани