13
авг
2015
Слатка погача со Нутела
Навистина е декоративна и многу вкусна погача која освојува од прв пат.
Се замесува тесто од сите состојки (освен нутелата). Се дели тестото на 4 дела. Се остава да стаса. Потоа секоја кора се сука во круг со пречник од 25см и се мачка со 3 лажици нутела или еурокрем по ваш избор. Потоа се сука исто и втората кора се мачка со крем и третата кора се мачка со крем и се ставаат една врз друга. Четвртата кора само се сука и се става врз третата (не се мачка со крем). Се сечи тестото на 16 дела (како на сликата) и се превртуваат како спирала. Се остава да надојди и се печи на 200С-25мин. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани