Подготовка:
1. Квасецот измешајте го во топлото млеко. Додајте го маслото, ванилата, киселината, јајцето и шеќерот и убаво промешајте.
2. Додаајте ја течноста во брашното, додајте ја солта и ренданата кора од портокал и почнете со месење. Кога ќе се направи топка од тестото додајте го путерот и месете се додека не се спои со тестото.
3. Покријте го и оставете го еден час да одмори. Поделете го на 10 дела.
4. Секој дел од тестото исучете го во долга форма (види слика) и пресечете ја на половина. На едниот крај ставете од чоколадото, а на другиот направете резови. Свиткајте го во кифла. Постапката повторете ја со сите 9 парчиња од тестото, десеттото ќе биде за во средината.
5. Кифлите наредете ги во подмачкана со путер кружна тава, бр.30. Десетото парче исто исучете го, ставете чоколадо, направете резови, свиткајте го во ролат, па како полжав и ставете го во средината. Покријте ја погачата и оставете ја половина час да скисни.
6. Приклучете ја рерната на 180 степени. Кога ќе се загрее, пред да ја ставите погачата да се пече премачкајте ја со јогуртот. Печете отприлика 30-40 минути, ако има потреба во текот на печењето прекријте ја со фолија да не изгори од горната страна.
7. Кога ќе биде печена, кога ќе ја извадите од рерната, со четче премачкајте ја со медот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови