Крушите ги лупиме и ги отстрануваме семките.
Ги сечкаме на коцки и ги редиме на мрсна хартија, а потоа ги печеме на 180 степени 20 минути.
Ги вадиме од рерна и оставаме да изладат.
Брашното го мешаме со пецивото и шеќерот, а потоа го додаваме и путерот. Мешаме со миксерот иако е густо.
Додаваме вода и јајца.
Крушите кои веќе се ладни ги додаваме во садот со смесата.
Темната чоколада ја рендме и таа ја додаваме во смесата.
Мешаме со миксерот додека да добиеме хомогена смеса.
Ако се лепи многу додајте малку брашно.
Со лажица земаме од смесата и ставаме на хартија за печење. Така наредените колачиња ги тапкаме со водена рака, па ги премачкуваме со матена жолка од јајце. Врз жолчките наросуваме шеќер. Рерната е веќе жешка и тавата оди на печење. Печете 20 минути на 180 степени,

Забелешка
Јас додадов 2 мали јајца, значи од најмалите. Колачите се меки и сочни.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови