2
ное
2014
Сендвич во тортиља
Тортиљите кои ги правев за гирото ги користам и за сендвичи.
Одлични се.
Еве еден предлог за вкусен сендвич.
На една тортиља се ставаат 3-4 листа кашкавал.
Врз него се ставаат 2-3 кругови шунка.
Се става на кратко во микробранова печка.
На едната странасе премачкува со кисела павлака, се ставаат поховани тиквички, па парчиња црвен домат.
Сето се посипува со оригано и сол по вкус,буковец.....
Се завиткува во салфета и се сервира.
Лиценца: Сите права се задржани