Селска тава
Има изнапишано многу варијации на тема селско месо но секој рецепт по себе вкусен и различен од другите со некоја финтица, мирудиичка што го прави единствен, па како што е логично за овој зимски период ете ја и нашата селска тава. Мерките околу продуктите се точни, а времето на спремање не можам прецизно да ви го кажам зошто ја правев на шпорет со дрва и самото приготвување одеше подолго време зошто и фурната ми немаше некоја многу висока температура од 150-180 степени.
Најпрво месото се сецка на парченца големина по желба и се пропржува во тава на врел зејтин или маст. Откако убаво ќе зарумени се трга на страна и во истата мрснотија се пржи исецканиот кромид, печурките исечени на листови и пред крај сувите пиперки исечени на парченца. Се зачинува по вкус зависи од тоа колку е солено дименото месо. Се истура во земјена тава целата содржина и испрженото месо. Се налева вино и вода (може и помалку вода зошто и месото ќе испушти) и се затвора со алуминиумска фолија или соодветен капак ако имате. И толку заборавете ја тавата подолго време нека си се крчка. Во електричен шпорет незнам колку време би требало најверојатно слично како на дрва ама ако спремате така надгледувајте ја одвреме навреме. Кај мене си крчкаше едно добри 3 саати. Пред крај кога поголемиот дел од течноста е испарен и месото е меко се ренда кашкавалот и се става пак во фурна да се запече додека не добие убава златно-жолта боја....Спремајте винцето и ај на ручек. На здравје нека е
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови