15
сеп
2014
Свинско филе во сланина и сенф
Филето се премачкува со мешавината од сенф, мед и зачини, се остава да стои два саати пред да се пече.
Пред печење целото парче месо се обвиткува во ленти чадена сланина.
Одозгора се посипува со масло за јадење.
Се става во тава со малку вода и масло за да се динста на тивко.
Се пече најмалку 2 саати на 180-200 степени
Како прилог може да се стави компир и мешан зеленчук.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови