Едно од омилените зимски јадења ми е подварокот. Го обожавам во комбинација со пилешко или свинско. Обично го комбинирам со копани заради децата, ама овој пат го направив со свинско месо и комбинацијата е прекрасна.

Подготовка

Прво зелката исечкајте ја ситно на парчиња заедно со кромидот и ставете да се запржат убаво околу 20 минути. Користете ја тавата во која мислите да печите. Јас ја користев Делимано коперлукс квадрестата тава. Мешајте повремено за да не ви загори.
Свинското месо и сланината исечете ги на помали парчиња, ставете сосема малку вегета или сол и зачини кои вообичаено ги користите, и потоа додадете ги во исечканата зелка и запржете ги заедно околу 15 минути. Гледајте да има доволно масло во тавата.
Пред печење, додадете бибер и црвена пипер, додадете половина филџанче вода и ловоров лист, измешајте и ставете ја тавата да се пече во рерна околу 1 час или повеќе на 200 степени со повремено мешање.
На крајот месото треба да биде запечено, а меко, а подварокот исто мек и убаво запечен.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови