Свинско месо со мајчина душица, сенф и јуфки
Лесно за приготвување, превкусно за мацкање доколку не го приготвите со прилог.
Месото исецкајте го на коцки, големина по желба. Пропржете го во масло убаво.
Празот или кромидот исецкајте го и додадете го на месото. Пржете додека не испари целата течност. Треба убаво да се запржат и празот и месото.
Во една чаша течност (вода, пиво или вино) растворете една полна лажица густин и додадете ја во месото со праз. Затворете со капак и оставете да се крчка барем 30ина мин. Доколку сметате дека е малку течност, слободно додадете. Треба да добиете убав сос.
Јас зачините секогаш ги додавам пред крај. Растворете го фантот и додадете го во месото, промешајте и потоа доколку има потреба додадете сол и бибер.
Мајчината душичка наросувајте ја со прсти неколку пати по целата површина на месото. Промешајте и пробајте на вкус да видите дали е доволно.
Оставете го месото затворено, нека се спојат вкусовите, а за тоа време пригответе прилог по желба.
Кај нас тоа беа домашни јуфки, едноставно варени.
Во поголем сад измешајте ги јуфките со месото и дури тогаш додадете го сенфот.
Пријатно јадење! :)
Лиценца: Сите права се задржани