Светогорски колач
Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура. Колачот е без воопшто масло и е сосема посен.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови