Интересна комбинација која го подобрува вашето здравје.
Јас некогаш го приготвувам без јаболко и лук,но вака како е пишан дава подобри резултти на крвната слика.
Лично јас ги сакам свежо цедените сокови многууу. Секогаш гледам да додавам нешто, да добијам нешто поразлично.
Наутро обично ги сакам зелените свежи сокови, но ова со морковот ми стана ритуал.
Измијте ги и излупете ја тенко кората на морковот. Истото направете го и со ѓумбирот.
Целерот го измив добро, па го преполовив и се заедно ставив во соковникот.
Јаболкото не го излупив, но претходно ми постоја во вода со малку сода.
Го додадов заедно со лукчето во соковникот и го пуштив да излезе сокот.
Кога сокот е готов му додадо сок од пола лимон.
Кој може да ја пие и кората од лимонот, може да стави се комплет и така да исцеди.
Јас бидејки правам и за децата, па они не ја сакаат кората, морав посебно да цедам.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови