16
окт
2019
Свежи равиоли со сирење и сланина
Во тава без масло, ги ставаме коцките сланина и пржиме на умерен оган, да пушти маснотија и да зарумени. Ја тргаме сланината на страна.
Во таа маснотија го пржиме ситно сецканиот праз, додаваме рендан батат, ситно сецкана пиперка, ситно сецкан домат.
Пржиме неколку минути, ја враќаме сланината во тавата и зачинуваме.
Во меѓувреме ги вариме свежите равиоли во малку посолена вода според упатството.
Кога се скоро готови ги ставаме со лажица решетка во веќе подготвениот сос, додаваме две лажици од водата каде се вареа и така се заедно готвиме уште една минута.
Сервираме топло.