31
мај
2018
Свежа салата со јогурт
Се сецкаат сите состојки за салатата: брокулата, јаболката, кромидот, морковот се ренда на едрата страна од рендето. Се додава сувото овошје, крупно сецканите ореви.
Дресингот - измешајте ги мајонезот и јогуртот, додадете ги солта, биберот, шеќерот, лимоновиот сок, измешајте, залијте ја салатата и промешајте. Ставете во фрижидер да се олади - послужете.
Напомена:
Мерев со чаша од 200 мл;
Состојките за дресингот можете да ги ставите директно во салатата и добро да промешате;
Во оваа салата повеке сакам да е присутна бурсницата, но добра замена за неа е сувото грозје;
Кој ги сака ваквите за нашето поднебје невообичаени состојки за салата - знам дека ке ужива.