Свежа салата со јогурт
![Свежа салата со јогурт](https://moirecepti.mk/content/uploads/2018/05/CIMG1906-7c53d5-300x300.jpg)
Состојки
- 4 чаши брокула
- 1/2 чаша рендан морков
- 1/4 чаша сецкан кромид
- 2 сецкани јаболки
- 1/2 чаша ореви
- 1/2 чаша сува брусница или суво грозје
- 1 лажичка шеќер
- 1/4 лажичка сол
- 1/8 лажичка бибер
- 1/2 чаша мајонез
- 1/2 чаша густ јогурт (грчки јогурт)
- 2 лажици сок од лимон
Подготовка
Се сецкаат сите состојки за салатата: брокулата, јаболката, кромидот, морковот се ренда на едрата страна од рендето. Се додава сувото овошје, крупно сецканите ореви.
Дресингот - измешајте ги мајонезот и јогуртот, додадете ги солта, биберот, шеќерот, лимоновиот сок, измешајте, залијте ја салатата и промешајте. Ставете во фрижидер да се олади - послужете.
Напомена:
Мерев со чаша од 200 мл;
Состојките за дресингот можете да ги ставите директно во салатата и добро да промешате;
Во оваа салата повеке сакам да е присутна бурсницата, но добра замена за неа е сувото грозје;
Кој ги сака ваквите за нашето поднебје невообичаени состојки за салата - знам дека ке ужива.