
3
јун
2022
Свежа салата со макарони
Подготовка:
1. Макароните сварете ги во посолена вода. Исцедете ги.
2. Зеленчукот исечкајте го на коцкички и додајте го кај изладените макарони. Благо промешајте и зачинете со оригано и сол. Јас не додадов масло зашто користев сирење кое е отстојано во маслиново масло. Секако по ваш вкус додадете си масло.
Оваа салата е толку вкусна и свежа што ќе сакате се почесто да ја спремате летово. Почастете се една чашка ладно узо.
На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови