Сарма од лозов лист
Сарма од лозов лист е едно од нашите традиционални македонски јадења. За сите оние домаќинки кои ја приготвуваат оваа сарма, сакав со вас да го споделам мојот начин на подготовка на истата, поточно направата со чија помош ги виткам сармичките ( која истотака може да се користи и за сарма со лист од зелка и правење на баклава ) кој ја има - знае колку е побрзо и полесно за виткање, без притоа да ви испаѓа зајрето.
Подготовка -
-Лозовите листови ги миеме и ги ставаме во тенџере (со посолена вода), се остава водата да зоврие...кратко ги обаруваме (2-3 минутки) и ги цедиме од водата.
-Потоа продолжуваме со подготвока на полнењето. Во загреано масло ставаме исецкан кромид, го пропржуваме додека да омекне. Го додаваме меленото месо. Додаваме зачини по вкус и посолуваме. На крај го додаваме и оризот.
-Ставаме еден лист од лоза во машинчето за виткање на сарми, ставаме 1 голема лажица од полнењето и ја завиткуваме сармичката.
- Во тавчето редам листови од лоза, па врз нив ги редам сармичките, им ставам зејтин, ги полевам со жешка вода и ги притискам сармичките со некое чиниче одозгора. Ги печам на 250 степени (со капак) кога ќе бидат скоро готови, го тргам капакот и уште кратко допекуваме.
Совет - печената сарма од лозов лист послужете ја со кисело млеко.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови