1. Цвеклото убаво се мие, се суши со хартиена салфетка, се витка во фолија и се пече во рерна на 200-180Ц околу 35-40 мин. Времето на печење зависи од големина на цвеклото, а моите беа од помалите.
2. Откако ќе се испече, цвеклото се остава да се олади во фолијата, потоа се вади, се лупи, се сецка на кругови и се посипува со оцетот, маслото, сол и бибер по вкус. Се остава околу 1/2 час убаво да се маринира.
3. Парчето камамберт се сече хоризонтално на две половинки и се потпекува на хартија за печење во рерна на 200Ц околу 10 мин.(со пресечената страна нагоре).
4. Потоа во чинија се реди потпеченото сирење, руколата и маринираното цвекло.
5. Се посипува со сецкани ореви

Цвеклото можете и да го варите, ама препорачувам да е печено бидејки интензитетот на бојата, а и вкусот е поубав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови