
31
мај
2021
Салата со цвекло,моркови и лук
Бидејќи салатите се секојдневно на нашата трпеза, секогаш сум во потрага по некоја нова комбинација. Оваа салата и не е нешто ново, но еве ја споделувам да ја имате и вие на ум.
Подготовка:
1. Цвеклото го миеме и го ставаме да се вари во вода. Со вилушка се пробува дали е варено, јас го варев 20 минути.
2. Морковите измиени и излуштени од кората ги вариме во солена вода околу 5 минути.
3. Оладеното цвекло го лупиме и сечеме на парчиња. Морковите оладени ги сечеме на тркалца.
4. Ситно исечениот лук се додава кон цвеклото и морковите. Се додава сол, маслинов зејтин и јаболков оцет по вкус и салатата е готова.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови