Салата велам, а комотно може да биде додаток на јадење или самостојно. Заситна е. 

- Исчистете го лукот, исецкајте, измешајте во сад со сецканиот магдонос, залејте со масло, посолете и оставете да одстои 1 час.
- Сварете го оризот, исплакнете го со ладна вода за да не се залепат зрната.
- Насецкајте ги пиперките, доматот.
- Измешајте ги сите состојки. На крај залијте со веќе одстојаниот магдонос и лук. Измешајте и пробајте на вкус. Ако не ви е солено досолете.
- Нека се во фрижидер добро олади и понатаму сервирајте како сакате, салата, прилог или самостојно.
- Користев варена пченка во лименка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани