Десерт едноставен и вкусен, кој истовремено изгледа многу интересно и декоративно. Збогатете ја вашата празнична трпеза со овие поинакви Руски капи.

Подготовка на пандишпанот -
Прво ги матиме путерот со шеќерот, па ги додаваме жолчките една по една. Продолжуваме со матење, ја додаваме и ванилата, па какаото измешано со брашното и оревите. На крај ги додаваме посебно изматените белки - мешаме да се соединат убаво сите состојки. Смесата ја истураме во правоаголен плех (од рерната) врз хартија за печење и израмнуваме. Печеме на 180 степени околу 20 минути (проверете со чепкалка) Оставаме да се олади пандишпанот. Откако ќе се олади, ја тргаме хартијата за печење и сечеме кругчиња со помош на чаша.
Подготовка на филот -
Сите наведени состојки убаво ги соединуваме со помош на миксер или рачно...како сакате. Земаме едно кругче, го премачкуваме со 1м.л. од филот, покриваме со друго кругче, па премачкуваме и од страните со филот. Постапката е иста со останатите кругчиња. Ги увалуваме во мелените ореви.
Подготовка на глазурата -
Се топат на тивок оган чоколадото и путерот, со помош на лажица ставаме врз секое колаче, внимавајки да не се растече по страните. Оставаме да се стегне глазурата, па послужуваме.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани