Испечати

Руски капи - на мој начин

Руски капи - на мој начин

Состојки

  • За пандишпанот
  • 5 Јајца
  • 150гр Шеќер
  • 150гр Путер (на собна температура)
  • 2г.л. Какао
  • 1г.л. (со врв) Брашно
  • 100гр Мелени ореви
  • пола Пециво
  • 1 Ванила
  • За филот
  • 100гр Остатоци од пандишпанот
  • 1-2г.л. Млеко
  • 50гр Путер (на собна температура)
  • 100гр Шеќер во прав
  • 50гр Ореви (мелени)
  • 1м.л. Екстракт од ванила или рум (по вкус)
  • За глазурата
  • 70гр Чоколадо за готвење
  • 40гр Путер
  • За увалување
  • околу 70-80гр Ореви (мелени)

Подготовка

Десерт едноставен и вкусен, кој истовремено изгледа многу интересно и декоративно. Збогатете ја вашата празнична трпеза со овие поинакви Руски капи.

Подготовка на пандишпанот -
Прво ги матиме путерот со шеќерот, па ги додаваме жолчките една по една. Продолжуваме со матење, ја додаваме и ванилата, па какаото измешано со брашното и оревите. На крај ги додаваме посебно изматените белки - мешаме да се соединат убаво сите состојки. Смесата ја истураме во правоаголен плех (од рерната) врз хартија за печење и израмнуваме. Печеме на 180 степени околу 20 минути (проверете со чепкалка) Оставаме да се олади пандишпанот. Откако ќе се олади, ја тргаме хартијата за печење и сечеме кругчиња со помош на чаша.
Подготовка на филот -
Сите наведени состојки убаво ги соединуваме со помош на миксер или рачно...како сакате. Земаме едно кругче, го премачкуваме со 1м.л. од филот, покриваме со друго кругче, па премачкуваме и од страните со филот. Постапката е иста со останатите кругчиња. Ги увалуваме во мелените ореви.
Подготовка на глазурата -
Се топат на тивок оган чоколадото и путерот, со помош на лажица ставаме врз секое колаче, внимавајки да не се растече по страните. Оставаме да се стегне глазурата, па послужуваме.

Уживајте!