Руска салата
Во некои земји меѓу кои спаѓа и русија ја викаат француска. Некои пак, Оливерова, по Луциен Оливиер, руски готвач со белгиско потекло, кој прв ја припремил во ресторанот Ермитаж во Москва. Денешната Руска салата има многу малку заедничко со оригиналниот рецепт кој и до денешен ден останал тајна за сите состојки во неа. Како таква претрпува модификации во одредени реони, па ова во дополнение само ви го нудам како предлог. Во овој на сликата сенфот, лимоновиот сок и стекот ги нема. Оваа салата се послужува и прави најчесто за некои свечени прилики (иако тоа нас секако не би не спречило да си ја направиме кога ќе ни се присака)
Сите зеленчуци и јајцата засебно сварете ги, но внимавајте на зеленчукот да не се превари за да си ја задржи својата форма кога потоа ситно ќе го исецкате на колку што можете помали коцкички.
Исецкајте го така и јајцето, шунката и кашкавалот и се измешајте во еден подлабок сад.
Додадете си сол и црн бибер спрема вкус и мајонезот и добро измешајте. Доколку сакате и нешто од предложените додатоци исто така измешајте во смесата.
Сервирајте во подлабоки чинии или пак направете поголеми топки со додатен гарнир во поголема чинија. А можи и помали топчиња доколку сервирате во засебни чинии.
Одозгора можи да ја премачкате со тенок слој мајонез (на сликата не е, бидејки не беше за гости) и да украсите по желба.
Чувајте ја во фрижидер до послужувањето. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Koga jas pravam Ruska Salata stavam od se po 100 gr i dosta mi e... E, imam edna mnogu bliska prijatelka, taa za sekoj praznik pravi "edna doza". Toa znaci od se po kilo !!!!!
P.S. Ako i ovde otvorite debata " seno - slama " od protest ke napisam recept za Zimska salata secena kako na Lile Ruskata a so solilo kako tvojata tursija :))))))) Oti vostinski taka ja pravam za vo zima, ne za drugo... :)))))))
Јуле, без гајле... штом компири не ставаш помалку калории ќе имаш за броење (мајонезот намерно ќе го игнорираме во броилото:) ) И кај нас беше за секојдневие...за домашен ќеиф... ја знаеш онаа народната, домаќините сити-гостите посити... ако се најал домаќинот нема потреба и гостинот хехе... е сега кај нас така беше :) дури откако ја изедовме гости ни дојдоа :))) ... исто ко да јале :)))
Анче, мислам дека и јас еднаш сум ставила сирење за во домашен амбиент и не беше лоша, баш супер, но кашкавалот ми е приоритетен од млечните производи а сирењето ми е едно скалило подолу спрема него, па си го преферирам тој повеќе дури последно време и како замена за сирењето (што е многу неубаво така, ама...)
Светле, каснам да те послужам од оваа, ама имам уште кифлички, па повели со павлака ќе си макаме:))) а ако решиш да тргниш на ваму и руска нова спремана и оладена ќе има специјал за тебе :)