17
окт
2019
Ружи од компир и сланина
Компирите излупете ги и измијте. Сечете ги тенко со ренде за зелка.
Во компирите додајте зачини и убаво промешајте.
Сланината наредете ја на штица во должина околу три големи парчиња, врз сланината редете компир и завиткајте во ружа. Така направете ружи со останатите сланина и компир. Направените ружи наредете ги во калапи за мафини или прицврстете ги со чепкалки. Попрскајте ги со зејтин и ставете да се печат во рерна на 250 степени 35 минути.
Многу убави и вкусни ружички, пробајте.
Добар апетит!