22
јул
2014
Ролована пица
Се замесува тесто од брашното, квасецот, солта, водата и јогуртот. Тестото се остава да одмори околу 30 минути, а потоа се сука кора. Кората се премачкува со кечап, се реди сувомеснатото, печурките, маслинките и ренданиот кашкавал. Кората се завиткува во ролат и се сече на парчиња со ширина 2 см. Парчињата се редат наизменично во плех, една на лева една на десна страна во подмачкан калап. Одозгора се премачкува со растопен маргарин и малку кечап и се остава да стаса 10 минути. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-ина минути.
Лиценца: Сите права се задржани