Ролат од локум
Минатата година го видов рецептот со друг фил на еден сајт и знаев дека ќе го правам во сите можни варијанти.
Мерките зависат од калапот што го имате, јас импровизирав со калапот и морав да ги зголемам.
Потребен ви е локум и иста количина на шеќер во прав, на пример, по 250 гр. кои ги месите со малку растопен путер. Потоа врз шеќер во прав правите кора од локумот према калапот што го имате. Во калапот ставите проѕирна фолија и нанесете ја кората од локум по ѕидовите, така за да имате и да го покриете ролатот, значи да виси кората однадвор.
Сега го полните калапот, односно локумот со фил. Овој фил ми е од мелени ореви, но и сечкани, мелени бисквити и парчиња сув ананас, путер, какао и многу малку водичка за да може да го замесите. Кога ќе го нанесете, притиснете убаво и затворете го ролатот со кората од локумот. Ставете го во фрижидер неколку часа...
Вкусот е невообичаено прекрасен, а фил може да си направите и друг, по ваша желба ! Правев со суви смокви и ореви, суви сливи и ореви, кикирики...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови