Уште едни во низата на солени бомбици, овој пат по зададената тема... И ни се бендисаа, баш вкусни....

Подготовка
1. Во еден сад ги ставаме киселата павлака и фета сирењето. Додаваме сечкани на коцки сирење и салама, кисели краставички и свежа краставица, па ги додаваме и мелените ореви.
2. Крекерите ги мелеме во Нутрибулет и нив ги додаваме кон сите состојки. Зачинуваме и смесата ја соединуваме со лажица.
3. Смесата ја оставаме 10-ина минути за да видиме каква ќе и биде густината по впивањето на сувите состојки. Ако густината на смесата е добра за да се формираат бомбици земаме дел од неа и ги правиме.
4. Ги сервираме на Армониа ринг прстените. Рендаме пармезан и мелени ореви врз нив.

Послужуваме...

Забелешка
По потреба за да ги формирате бомбиците додавајте или одземајте суви состојки како што се ореви, крекери или пак влажни т.е.кисела павлака.
Мој предлог е да си купите и готов зачин за таратор кој одлично се вклопува во вакви салати.