Рижото со смокви и горгонзола
1. Кромидол и лукот ги чистиме и ситно сецкаме. Во вок тава го ставаме маслото да се загрее, ги додаваме кромидот и лукот, ги пржиме додека да добијат златеста боја.
2. Оризот го миеме и цедиме. Го додаваме во вок тавата, кратко го пропржуваме.
3. Го додаваме белото вино и вариме на средна температура со често мешање.
4. Во топлата вода ја ставаме пилешката коцка да се раствори, додаваме дел по дел од водата , кога оризот ќе ја впие додадената вода, дотураме.
5. Ги додаваме солта и црниот бибер
6. Смоквите ги сецкаме на мали коцки. Во мал длабок сад ги ставаме, ги додаваме 6те лажици вода и ги ставаме на оган на средна температура да омекнат. Ги вариме со постојано мешаме и ги додаваме во оризот.
7. Зависно од видот на оризот е и количината на додадена вода. Јас употребив 750 мл вода.
8. Кога оризот е сварен, ја исклучуваме ринглата, ја додаваме горгонзолата, мешаме додека да се растопи.
9. Послужуваме , декорираме со горгонзола и смокви.
Лиценца: Сите права се задржани