Еве предлог од мене за многу вкусна и многу декоративна салата, предјадење, кое може да ја збогати вашата празнична трпеза.
Не е тешко за подготовка, но бара само малку трпение..

Во тенџере ги ставаме да ги вариме излупените компири и моркови.
Внимаваме прво компирот ќе биде сварен, го тргаме на страна , а потоа го доваруваме и морковот.
Пред сам крај во истото тенџере го ставаме исчистениот спанаќ да се избланшира 1 минута.
Тргаме на страна и ги процедуваме продуктите.
Сега во еден тајнир го ставаме компирот, го пасираме со вилушка, додаваме сол, бибер, рен, кисела павлака.
Убаво соединуваме.
Во мал метален калап со обрач, го поставуваме овој слој.
Израмнуваме.
Во друг тајнир ги пасираме со вилушка сварените моркови, додаваме сол, бибер, сусам, презла, ајвар.
Соединуваме.
Оваа смеса ја нанесуваме врз слојот со компири.
Израмнуваме.
Сега листовите спанаќ убаво ги цедиме од течноста, им додаваме малку сол, ако треба и ги нанесуваме врз слојот од моркови.
Израмнуваме.
Во мал сад го ставаме авокадото, додаваме сок од лимон, сол, бибер и младо сирење.
Убаво соединуваме.
Оваа смеса ја нанесуваме врз спанаќот.
Израмнуваме .
Најгоре посипуваме со тостиран сусам
Го остаавме обрачот со салата да одстои во фрижидер 30 минути.
На страна на мали коцки ја запржуваме малку ситно сецканата сланина.
Ја вадиме салата од фрижидер, го одстрануваме обрачот
Врз неа го рендаме вареното јајце, наросуваме буковец и расфрламе пржена сланина и ситно сецкан магдонос.
Послужуваме.
Мило ќе ми биде ако овој предлог се најде и на вашата празнична трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани