Пченкарни ролнички
Тесто
1. Во соодветен сад соединете ги 2 јајца, млекото, зејтинот и козјото сирење и добро измешајте.
2. Посебно измешајте ги пченичното и пченкарното брашно, додадете сол по вкус и полека измешајте. Подготвената смеса ја додавате на смесата со јајца и месите се додека не се добие мазно тесто.
3. Умесеното тесто оставетего да се одмори 15минути. Потоа со оклагија го расукувате во правоаголник со дебелина околу пола саниметар и правите квадрати од 10на 10 сант.
4. На секој квадрат ставате две парчиње мартадела и кашкавал и ролувате.
5. Плехот го обложувате со хартија ги поредувате ролничките и ги премачкувате со јајце по желба ставате сусам или ким но не мора,печете на 200степени додека не заруменат. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани