Путер колачиња со ореви
Подготовка
1. Путерот изматете го со шеќерот во прав. Потоа додајте ги мелените ореви, брашното и ванилата, дел по дел, со постојано мешање.
2. Добиеното тесто завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку половина час.
3. Од тестото направете форми по желба. Јас формирав топчиња, ги расукував со рака на набрашнета работна површина и потоа ги виткав во форма на потковица. Може и да ги оставите како топчиња или да расукате кора, па да вадите форми со калапчиња.
4. Печете во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути. Времето на печење зависи од рерната и големината на колачињата. Доколку се потенки/помали печете пократко. Оставете ги да се оладат па поросете ги со шеќер во прав. На здравје!
*Колачињата не се многу благи. Доколку сакате поблаги колачиња, ставете повеќе шеќер.
Лиценца: Сите права се задржани