Пурпурен ролат
Едноставен за припрема, а убав за око и непце.
Рецептот за мармалад од аронија и боровинки може да го најдете тука веќе објавен.
До колку немате од него може да се користи мармалад од црни сливи.
Во вангличка се ставаат 3 белки, убаво се матат и им се додава 1 лажица шеќер.
На страна се матат 3 жолчки со 2 лажици шеќер.
Потоа постепено се соединуваат, се меша со шпатула и се додаваат брашното, пецивото, кората од лимета и оревите.
Се истура смесата во правоаголен плех кој претходно е обложен со хартија за печење.
Се печи околу 10-12 минути на 190 степени.
Се вади од релна и се завиткува во крпа.
Се спрема филот.
Се мати шлагот со млекото до згуснување. Се остава на страна 2 лажици за декорација.
Се мати маскарпонето со една лажица шеќер во прав, постепено се соединува со шлагот и се додава мармаладот.
Изладената кора се филува со 2/3 од припремениот фил.
Се завиткува во ролат.
Одозгора се премачкува со 1/3 од филот и се декорира со шлаг и љиљакови шеќерни срценца.
Лиценца: Сите права се задржани