6
мај
2020
Проја со млад кромид
Најпрвo младиот кромид се сече и се запржува.
3 јајца се матат со 1 лажичка сол со миксер. Се додава киселото млеко и зејтинот. Пак се мати.
Брашното заедно го мешаме со пецивото и додаваме по малку кон смесата мешајки на мала брзина. На крај се додав и кромидот и ренданото сирење. Се става во подмачкан плех, се поросува со разни семиња и се пече на 180 степени околу половина час.
Пројата ја печев во округол плех бр.30,а чашите со кои мерев се од 250 милилитри.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови