7
мар
2023
Проја со кисели краставички
Во длабок сад ги ставаме јајцата. Матиме со жица за матење. Ги додаваме јогуртот, киселата вода и малиновото масло. Промешуваме. Киселите краставички и пилешкото филе ги сецкаме на коцки. Сирењето го дробиме со виљушка на парченца. Во садот со јајцата ги додаваме солта, киселите краставички, пилешкото филе и сирењето. Промешуваме. Ги додаваме пченкарното брашно, овесното брашно и ржаното. Промешуваме и на крај го додаваме пецивото. Промешуваме. Смесата ја ставаме во правоаголен сад за печење обложен со хартија за печење. Одозгора ставаме сусам. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Лиценца: Сите права се задржани