Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме сите состојки (освен кромидот), мешаме со рачна маталка, додека да се хомогенизира смесата, која е погуста од таа за палачинки. Садот го оставаме во фрижидер, за тоа време го спремаме кромидот.
2. Кромидот го лупиме и сечеме на парчиња со дебелина од најмногу 1 цм. Парчињата ги разделуваме на прстени. Добиените прстени ги ставаме во длабок сад со ладна вода и неколку коцки мраз. Ги оставаме така да одстојат 10-на минути. Потоа ги цедиме од водата и ги бришеме со кујнски бришачи да бидат суви.
3. Парчињата кромид ги брцкаме во смесата и ги пржиме во загреано масло на средна температура. Ги вадиме врз хартиена салфета, за да се упие вишокот мрснотија. Послужуваме топло како прилог кон ручекот или како мезе.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани