Испечати

Похован Кромид

Похован Кромид

Состојки

  • 2 големи главици (400гр) Кромид
  • 1 Јајце
  • 100 мл Млеко (ладно)
  • 80 гр Брашно
  • 20 гр пченкарно брашно
  • 1 м.л. Масло
  • 1 м.л. рамно Пециво
  • малку Сол
  • Плус масло за пржење

Подготовка

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме сите состојки (освен кромидот), мешаме со рачна маталка, додека да се хомогенизира смесата, која е погуста од таа за палачинки. Садот го оставаме во фрижидер, за тоа време го спремаме кромидот.
2. Кромидот го лупиме и сечеме на парчиња со дебелина од најмногу 1 цм. Парчињата ги разделуваме на прстени. Добиените прстени ги ставаме во длабок сад со ладна вода и неколку коцки мраз. Ги оставаме така да одстојат 10-на минути. Потоа ги цедиме од водата и ги бришеме со кујнски бришачи да бидат суви.
3. Парчињата кромид ги брцкаме во смесата и ги пржиме во загреано масло на средна температура. Ги вадиме врз хартиена салфета, за да се упие вишокот мрснотија. Послужуваме топло како прилог кон ручекот или како мезе.

На здравје!