Поховано каре
Замолетего месарот парче од 1 кгр кременадли да ви го обескости.
Коските искористете ги за чорба со кнедли и зеленчук.
Парчето месо исечете го на тенки парчиња.
Ставете го секое парче во најлонска кеса и по малку исчукајте го.
Наредете ги во еден тајнир, при тоа зачинувајќи ги со сол, бибер, зачин, некоја капка маслиново масло.
Нека одстојат околу 1 час.
Потоа секое парче месо се похова во брашно, во кое сме додале оригано, јајце, презла.
Се пржат на умерен оган од двете страни убаво да заруменат. Се редат врз хартиени салфети. Се накапуваат со сок од лимон по вкус.
Компирите се лупат и се варат само 7-8 минути.
Се процедуваат од водата се сечат на коцки. Се ставаат сите зачини, убаво се промешува со лажица, секое парче компир да се опфати и се ставаат во ватростален сад. Се печат во загреана релна на 200 степени околу 25 минути.
Се сервираат похованото каре и компирот, а како додаток направив ѕаѕики салата.
Лиценца: Сите права се задржани