За обожавателите на карфиолот имам еден вкусен рецепт.
Подготовката е следна
Во еден поголем сад го кршиме карфиолот на мали цветчиња.
Ги чистиме убаво цветовите и ги миеме.
Тавата во која ќе приготвуваме ја попрскуваме со масло.
На страна во сад матиме три јајца и ги зачинуваме со бибер и сол.
Додаваме млеко и благо промешуваме.
Кашкавалот го рендаме на ситно и го попрскуваме врз карфиолот, а потоа го полеваме со претходно подготвената смеса.
Затресете ја тавата да си падне насекаде течноста.
Ставете да се потпече во загреана рерна.
Печете додека не зарумени.
Карфиолот ќе си прими од млекото и ќе биде совршено мек и вкусен.
Нека ви е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови