Посна крем чорба
- Тиквичките исечете на коцки, исчистете и исчете го морковот, излупете и исецкате го компирот. Кромидот исто така исецкајте. Не мора да се трудите да биде ситно бидејки секако после целото тоа се пасира.
- На малку маслиново масло најпрво ставете да се пржи кромидот, додадете лукот. Откако се лесно запржиле додадете ги исецканите тиквички, морков и компир, нека се целото тоа заедно пржи околу 5-6 мин. Налејте ги со вода, поклопете и нека се вари.
- Варено префрлете во вангла и со стапен миксер или едноставно ставете ги зеленчуците во сецкото и изблендирајте, добиената содржина вратете во касеролата со водата и нека проврие колку да се изедначи смесата.
- Зачинете со сол, сув зеленчук и бибер. Можете да додадете и магданос.
Ова е заситна чорба и погодна за доручек.
Напомена.
Доколку оцените дека ви е прегуста чорбата, додадете вода толку колку што сакате да ви биде густа.
Јас имав сосема малку маринирани мешани печурки кои ги додадов во моментот кога блендираната смеса ја префрлив во касеролата и оставив да заедно провријат.
- Можете да ја закиселите со лимонов сок.
Лиценца: Сите права се задржани
п.с Кога ќе видам тиквички на тебе Лиле ме асоцираат:):):)