Подготовка:

1. Ја земаме првата кора, ја попрскуваме со маснотија, па ставаме втора кора, попрскуваме, па трета кора, попрскуваме. На почеток на корите ставаме од соединетите состојки за полнењето. Виткаме ролат.
2. Ги редиме во плех. Пред печење баклавата ја сечиме на парчиња. Танко и одозгора ја премачкуваме со маснотија.
3. Печиме околу 35 минути на 170 с.. Во меѓувреме го вариме шербетот. Од кога ќе зоврие нека вари 6,7 минути.
4. Испечената баклава оставаме да се излади. Ја попаруваме со жежок шербет. Нека отстои неколку часа, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани