Испечати

Посна баклава

Посна баклава

Состојки

  • 450гр кори
  • За попрскување
  • 100гр растопен маргарин
  • 100мл масло
  • Полнење
  • 250гр суви смокви, ситно сецкани
  • 100гр сува брусница, ситно сецкана
  • 50гр мелени, посни бисквити
  • 100гр сецкани ореви
  • Шербет
  • 700мл вода
  • 600гр шеќер
  • Сок од половина лимон

Подготовка

Подготовка:

1. Ја земаме првата кора, ја попрскуваме со маснотија, па ставаме втора кора, попрскуваме, па трета кора, попрскуваме. На почеток на корите ставаме од соединетите состојки за полнењето. Виткаме ролат.
2. Ги редиме во плех. Пред печење баклавата ја сечиме на парчиња. Танко и одозгора ја премачкуваме со маснотија.
3. Печиме околу 35 минути на 170 с.. Во меѓувреме го вариме шербетот. Од кога ќе зоврие нека вари 6,7 минути.
4. Испечената баклава оставаме да се излади. Ја попаруваме со жежок шербет. Нека отстои неколку часа, па послужуваме.