20
авг
2015
Полнети тиквички
Тиквичките се сечат на 3 дела и се длабат. Кромидот го запржуваме, го додаваме меленото месо, оризот и зачините и промешуваме.
Со филот ги полниме тиквичките ги затвараме со кругови црвен патлиџан. Земаме пекач, во пекачот ги ставаме 4 исецкани патлиџани на коцки, ставаме сецкан лук малку зејтин и магданос. Врз патлиџаните ги редиме тиквичките ги заливаме до половина со жешка вода и ги ставаме во загреана рерна на 250 степени. Се служат со кисело млеко. Добар Апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови